Турска парламентарна комисија ја одложи расправата за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Парламентарната комисија за надворешни работи на турскиот парламент денеска ја одложи расправата за потврдата за прием на Шведска во НАТО, без да го прецизира датумот за продолжување на седницата.

Се уште не се знае кога комисијата ќе ја продолжи расправата за пристапниот протокол на Шведска, ниту кога темата ќе дојде на седница на Парламентот, за евентуална конечна потврда.

Турција ја одложува ратификацијата на членството на Шведска во НАТО, обвинувајќи ја земјата дека е премногу попустлива кон групите што Анкара ги смета за терористички, вклучително и курдските милитанти и оние што Анкара ги обвинува за неуспешниот пуч во Турција во 2016 година.

Турција, исто така, беше незадоволна од серијата демонстрации на приврзаниците на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во Шведска, како и од протестите на кои беше запален Куран.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

МИА

- Реклама -