Турската економија пред тотален колапс

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе воведе драстични мерки ако компаниите ги повлечат странските валути од банките додека во земјата владее голема криза предизвикана од падот на вредноста на турската лира.

Турскиот претседател во обраќањето од Трабзон, ги предупреди компаниите и бизнисмените да не брзаат во банка за да ги повлечат странските валути.

Тој порача дека компаниите мора да знаат дека „држењето на Турција да биде жива и исправена не е само обврска на политичарите, туку и на трговците“.

Турција деновиве е погодена од голема финансиска криза откако вредноста на лирата потона поради владините економски политики и тензиите во односите помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави.

Прочитајте и:  Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил

Ердоган порача дека кризата претставува „операција против турската економија спроведена преку девизните курсеви“. Турскиот претседател порача дека доларите, еврата и златото се „куршумите и ракетите на економската војна која што се води против Турција“ и Ердоган порача дека на крајот Турција ќе победи.

- Реклама -