Турски затвореник го оставил братот близнак во затвор и побегнал

19- годишен осуденик од Турција успеал да побегне од затвор на тој начин што си го замениле местото со својот брат близнак кој што му дошол на посета.

Мурат А служел казна поради убиcвo во затворот „Е Типи Капаси“ на југот на Турција. Минатата недела во по посета дошол неговиот брат близнак Хусеин. Затворските чувари дозволиле тие да се видат на само, а тие тој момент го искористиле да ги заменат местата и на тој начин Мурат успеал да побегне од затворот.

Фотографија од браќата објавена во медиумите во Турција покажува дека браќата не се баш идентични, меѓутоа, ова не ги спречило да ги измамат затворските чувари, а Мурат само успеал да прошета до излезот од затворот со лажни документи.

Сè уште не е познато зошто братот близнак на осудениот криминалец се согласил со него да ги заменат местата во озогласениот затвор но, истрагата наскоро ќе открие повеќе детали за овој бизарен случај.

Засега е познато дека во овој затвор нема систем за препознавање на лица кои би можел да воочи неправилности, па на тој начин целиот случај не може да  се сведе врз чуварите на затворот за нивното невнимание.

Не е јасно како чуварите веднаш не забележале дека има нешто поразлично во врска со криминалецот кој стоел зад решетките знаејќи дека тој веќе цела една година бил во затворот и сите го познавале многу добро.

Откако забележале дека има погрешен човек во ќелијата, чуварите веднаш ја известиле локалната полиција, која извршила рација во домот на Хусеин и го пронашле Мурат во него. Затвореникот бил вратен зад решетки побрзо отколку што бил ослободен од затвор.

Поради оваа случка сега и двајзата се наоѓаат во затвор, а полицијата се обидува да ја открие причината зошто тие ги замениле своите места и го извеле бегството без да се активира алармот во зтворот.

Она што навистина е посебно интересно е фактот дека ова не е прв случај близнаци да изведат успешно бегство од затвор.

Пред неколку години Александар Џеферсон Делгадо, затвореник од Перу, успеал да побегне од затвор на тој начин што го заменил свото место во затворот со неговиот брат близнак кој дошол на посета.

Чуварите му поверувале на приказната дури тогаш кога се согласиле повторно да му земат отпечатоци од прсти и истите да ги проверат.

За разлика од случајот во Турција, овој од Перу предизвикал многу поголема паника затоа што било потребно многу повеќе време полицијата да ја забележи измамата и да го пронајде избеганиот брат близнак.

- Реклама -