Турција го бојкотира форумот во Давос поради војната во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара Турција да не учествува на Светскиот економски форум во Давос поради „произраелската позиција“ на неговите организатори во однос на конфликтот во Појасот Газа. Ова го објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на свои извори.

Според изворите, на форумот требало да присуствува турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, но Ердоган не му дал дозвола да оди на настанот.

Според Блумберг, основачот и претседател на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, ги осудил „терористичките напади на Хамас против Израел“, позиција што ги налутила турските политичари, иако Шваб исто така повика на мерки за заштита на цивилното население во Појасот Газа.

МИА

Прочитајте и:  Експлозија во рафинерија за нафта во Турција
- Реклама -