Турција го предупреди Израел: Ќе има сериозни последици ако ги гони членовите на Хамас ширум светот

Турција го предупреди Израел дека ќе има „сериозни последици“ доколку ги гони членовите на Хамас кои живеат надвор од палестинските територии, вклучително и во Турција, објави турската разузнавачка служба.

„По изјавите на израелските официјални лица ги испративме потребните предупредувања до посредниците, а му кажавме и на Израел дека таквиот чин ќе има сериозни последици“, се вели во соопштението на турските разузнавачи.

Шефот на внатрешната израелска разузнавачка служба Шин Бет, Ронен Бар, рече дека Израел ќе ги гони членовите на Хамас во Либан, Турција и Катар „дури и со години ако е потребно“, објавија израелските медиуми.

Прочитајте и:  Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан
- Реклама -