Турција го забрани Твитер

Турција ја забрани бесплатната социјална мрежа  Твитер. Одлуката, како што се наведува на сајтот на Управата за телекомуникации, е донесена како “мерка на претпазливост” и врз основа на голем број судски одлуки.

Блокирањето се случи неколку часа откако премиерот Реџеп Тајип Ердоган, во говорот пред гласачите во Бурса предупреди дека ќе го избрише Твитер.

„Ние ќе го избришеме Твитер. Не ме интересира што вели меѓународната заедница”, рече премиерот. „Тие ќе ја видат силата на турската република”, додаде тој.

Претходно овој месец Ердоган предупреди дека неговата влада може да ги забрани популарните социјални мрежи Јутуб  и Фејсбук по локалните избори на 30 март, што предизвика загриженост на САД.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

Ердоган, кој е премиер на Турција од 2003 година, е подложен на зголемена тензија откако се појавија  аудио снимки на Твитер кои  покажаа дека тој бил вмешан во корупција, а други го претставуваат како човек кој се меша во бизнис трансакции, тужби и покривање на медиуми. Ердоган за повеќето записи рече дека се работи за  „ ниски фалсификати”, создадени од неговите противници.

Неговата Влада  беше погодена од голем корупциски скандал во декември, во кој беа вмешани десетици луѓе од најблискиот бизнис и политичкиот круг на премиерот.

- Реклама -