Турција определи 40 дена екстрадициски притвор за Љупчо Палевски

Првоосомничениот за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, Ључо Палевски Палчо се наоѓа во екстрадициски притвор во Турција.
„Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој  информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена.“, извести Министерството за правда.
Сподели ја веста:

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска

Извор