Турција уапси 29 осомничени екстремисти, Исламска држава планира(ла) напади на цркви и синагоги

Турските власти денеска уапсија 29 осомничени екстремисти на Исламската држава кои наводно планирале напади врз синагоги и цркви, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Припадниците на разузнавачките и полициските сили рано утрово претресуваа адреси во девет провинции, вклучително и Истанбул и главниот град Анкара, за да ги уапсат осомничените, напиша Јерликаја на Х.

Полицијата во рациите конфискувала дигитални документи, јави државната новинска агенција Анадолија.

Полицијата, исто така, соопшти дека тројца осомничени високи оперативци на Исламска држава се одделно уапсени за планирање напад врз ирачката амбасада.

Засега не се познати националноста на уапсените и деталите за наводните планови за нападот.

Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул во 2017 година, во кој загинаа 39 лица на новогодишна забава.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

МИА

- Реклама -