Туширањето како лек

 

Туширањето е основен дел од секојдневната хигиена, а зависно од температурата на водата времето кое го поминувате под тушот може да ви донесе различна корист на организмот.

 

Некои сакаат премногу топло

Туширањето со врела вода ја намалува напнатоста и ги опушта закочените мускули. Доколку вашиот туш ви овозможува силен млаз на водата, уште подобро – на тој начин ќе постигнете ефект на мини масажа на вратот, рамениците и грбот.
Постојат истражувања кои докажале дека врелиот туш може да влијае позитивно на нивото на окситоцин и да ја ублажи напнатоста. Врелиот туш е добар избор и доколку сте преладени, бидејќи топлината и пареата делуваат на дишните патишта и ги прочистуваат.

Некои сакаат ладно

Иако вам можеби ви се чини невозможно да поминете кратко време под ладен туш, тој има и свои предности. Доколку  ја промените температурата на тушот и пет минути се туширате со ладна вода, ќе го изненадите организмот и ќе се разбудите. Инстантната промена во температурата може да ве опушти.

Исто така, еспертите порачуваат миење со ладен туш две или три минути во денот како лек од депресија.

- Реклама -