Туск: Полска ќе потпише билатерален договор за безбедност со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон

Полска речиси сигурно ќе потпише билатерален договор за безбедност со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

Пред самитот на НАТО во Вашингтон, кој започнува на 9 јули, Туск во Варшава ќе разговара со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Морам да одредам заедно со министерот за одбрана како можеме да продолжиме да и помагаме на Украина, но не можеме истовремено да ги ослабиме одбранбените капацитети на Полска“, изјави Туск за новинарите.

Тој рече дека има 99 отсто шанси да потпише договор за безбедност со Зеленски пред самитот на НАТО. Додаде дека договорот е практично „завршен“ и дека треба да се разјаснат само уште неколку детали и формулации.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

Европската унија и две нејзини земји-членки, Литванија и Естонија, вчера на Самитот во Брисел потпишаа договори за безбедност со украинскиот претседател Зеленски.

- Реклама -