ТВ21: Меѓународниот фактор инсистира на нон-пејпер од албанските партии за уставните измени и ВМРО-ДПМНЕ

На 22 јануари во Македонија доаѓа Џејмс О’Брајан, помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања. Се очекува О’Брајан два дена да престојува во земјава, а главна тема ќе бидат политичките случувања, објави ТВ21 повикувајќи се на свои извори.

Порталот потсетува дека при последната посета О’Брајан беше остар во критиките за ВМРО-ДПМНЕ и нивното противење на уставните измени, со коментар дека од некој што ветува дека има план а не го открива (во случајов за Преговарачката рамка) не би купил ни автомобил, а уште помалку би го гласал.

ТВ21 неофицијално дознава и објави и дека меѓународниот фактор инсистира на потпишување на „нон пејпер“ на албанските политички партии. Според порталот, нон-пејперот би се однесувал на коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ во случај да победи на изборите, при што секоја од албанските партии ќе изјави и ќе гарантира дека нема да коалицираат со ниту една партија која нема јавно да изјави дека во првите 6 месеци од новиот мандат ќе ги направи уставните измени.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ
- Реклама -