Уапсен тетовец, ѝ се заканувал и ја прогонувал поранешната девојка.

Приведен тетовец поради вознемирување на поранешна партнерка

Жител на тетовско село, стар 58 години, е лишен од слобода под сомнение за вознемирување и следење на својата поранешна невенчана сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Според информациите од полицијата, на 6 јуни, околу 15:30 часот, службеници го привеле Ј.С. откако неговата поранешна партнерка, на возраст од 53 години, поднела пријава. Таа истакнала дека во текот на претходниот ден, Ј.С. неколкупати ја следел, ја вознемирувал и ѝ упатувал закани во врска со нејзината безбедност, барајќи повторно да започнат заеднички живот.

Од СВР Тетово соопштуваат дека осомничениот е задржан во Полициската станица Тетово и дека, по целосното разјаснување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитајте и:  Денес се слави роденденот на Емил Рубен – актерот кој повеќе од шест децении остави траен печат во македонската филмска и театарска историја.