Уапсено лице во гостиварска Бањица поради фалсификувани пасоши и лични карти

МВР соопшти дека вчера (27 јули) во 12.30 часот во гостиварска Горна Бањица, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.М.(46) од Горна Бањица.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени патни исправи, лични карти и други документи на повеќе лица за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Исто така, Б.М. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово.“, стои во полициската информација.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор