Убавата страна на Олимписките игри: Србија – САД, денеска од 17.15 часот

Официјалното отварање на Олимписките игри се одржа во петокот, турнирот за кошаркари започна вчера, а денеска од 17 часот и 15 минути веќе следи кошаркарскиот мега-дуел, кој во вакво супер-издание за сега може да ни го понуди единствено – Олимпијадата, меѓу селекциите на Србија и САД. Спектаклот кој многумина го гледаат како финале, е закажан на фудбалскиот стадион „Пјер Моро“ во Лил, кој има капацитет од 50.000 гледачи.

Двата тима неодамна играа на прелиминарниот турнир во Абу Даби кога избраниците на Стив Кер лесно победија со 105:79 во мечот што го пропуштија двајца клучни српски кошаркари Богдан Богдановиќ и Никола Милутинов.
„Ни недостасуваа двајца важни играчи – Богдановиќ и Милутинов. Тие ни се многу важни. Не можам да кажам дека сме подобри од кој било од нив, но со тие двајца момци сме само покомплетна екипа. Тие имаат многу длабока ростер, неверојатна ротација, но на крајот на денот, тоа е само кошарка, ако дадете се од себе и играте навистина паметно 40 минути“, рече Мициќ пред денешниот дуел.
Ниту капитенот на Србија не сакаше да даде дополнителна мотивација со своите изјави пред натпреварот против “тимот од соништата”.
„Нема да кажам ништо, бидејќи не сакам дополнително да ги мотивирам. Веруваме, дефинитивно, но не сакаме да им дадеме дополнителна мотивација“, накратко изјави Богдановиќ .
Последниот официјален дуел на двете селекции и припадна на Србија, која на СП 2019 триумфираше (94:89) во плејоф натпреварот од петтото до осмото место, додека на Олимписките игри последен пат играа во 2016 година, кога Американците го освоија златниот медал со резултат 96:66.
Натпреварот од групата Ц на ЛОИ 2024 е закажан во 17 часот и 15 минути.

Извор