Кружното плато, недалеку од Ливно, галопира стадо од диви коњи, едно од ретките во Европа. Тие се потомци на домашни коњи кои повеќе од три децении им се спротивставуваат на суровите зими, ветерот, дождот, ловокрадците и предаторите.
Помеѓу Ливно и Купрес во југозападна Босна и Херцеговина има околу 180 диви коњи, потомци на мешани домашни коњи што жителите на селата околу гадот Ливно ги пуштиле во дивина во 1970-тите.
Од благодарност и љубов кон овие благородни животни, ама и потади тоа што за нив немало повеќе кој да се грижи, нивните сопственице решиле да не ги продата ниту да ги yбијaт, тие едноставно ги оставиле во дивина.
Првично, стадото коњи на планината Круг се состоело од околу дваесет до триесет грла, но со текот на времето овој број се зголемил на околу 360 грла, бидејќи на главното стадо им се придружувале коњи кои избегале од областа Гамош, Дрвар и Купрес за време на војната во овие области.