Учениците пишуваат состави за НАТО

Денеска, на 29 март, завршува конкурсот на Министерството за одбрана за средношколци, за есеј на темата „НАТО и јас“. Средношколците со трите најдобри есеи ќе бидат наградени со организирана посета на седиштето на НАТО во Брисел.

Во меѓувреме,  „ГАУС институтот – фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење“ од Битола, потпишал договор со Алијансата за имплементација на проектот „Children@Game.Edu.NATO“, по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на северноатлантскиот сојуз, објави „Нова Македонија“. Целта на проектот е „да се идентификува што НАТО значи за најмладата популација (0-17 години) и, преку интерактивни едукативни игри, да се едуцираат младите, нивните родители и учителите на темата што НАТО може да значи за нив“.

Прочитајте и:  Вандие: Претстојната цел на НАТО е членките да одвојуваат 3% од БДП за одбраната

Во склоп на ова, пренесува „Нова Македонија“, отворен уште еден конкурс, овојпат за едукатори и стручни соработници, кои во улога на ментори би учествувале во реализација на истражувачки активности преку кои на младата популација би ѝ се доближиле претставите, поимот и значењето на НАТО.

Меѓутоа, можат ли ваквите активности да го имаат спротивниот ефект од посакуваниот (популаризација на НАТО меѓу младите)? Целата статија прочитајте ја ТУКА.

 

- Реклама -