Учење во сон

сонувањеИдејата на холивудскиот блокбастер Inception, каде што луѓето патуваат низ нечии сонови за да „засадат“ идеја, можеби и не е толку научно-фантастична. Истражувачи од Јејл откриле дека луѓето кои искусуваат луцидни сонови – сонови во кои тие контролираат сè – би можеле да учат нови работи додека спијат.

Тим научници сега ја истражува идејата за „тренирање“ на луѓе преку упатства за сонови. Луѓето кои можат да ги контролираат своите сонови можат да ја употребат оваа необична способност за да искусат еуфорија, како да постигнале нешто. Но ново истражување налага дека луѓето можат да го употребат сонувањето како алатка за учење. Контролирањето на соновите отвара можности за нивно манипулирање за учење и тренирање.

Луѓето кои можат да сонуваат луцидни сонови можат да контролираат делови од нивниот мозок за да „учат“ додека спијат. Исто така изгледа дека само способноста за луцидно сонување на некои луѓе им дава голема предност. Истражувачите од Јејл Универзитетот откриле дека луцидните сонувачи подобро дејствуваат во задача која е дизајнирана за тестирање на дел од мозокот кој е важен за емоционалните одлуки и социјалните интеракции. Питер Морган и неговите колеги од Јејл Универзитетот мислат дека овој дел од мозокот може да биде истрениран.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Морган и неговиот тим работат на развивање метод за тренирање со помош на сонови. Тој се надева дека тие би можеле да ја подобрат социјалната контрола и способностите за носење одлуки кај одредени луѓе. „Знаеме дека со вклучување на некои кола во мозокот можеме да ја менуваме неговата архитектура“ вели тој. Веќе е докажано дека луѓето кои вежбаат специфични задачи во соновите стануваат подобри во нивното извршување кога се будни. Една швајцарска студија, предводена од Даниел Ерлахер од Универзитетот од Берн, покажала дека луцидните сонувачи кои вежбале фрлање паричка во чаша станале подобри во истата активност кога биле будни. [Inception becomes reality: People can teach themselves new skills in dreams]

- Реклама -