Управата за хидрометеоролошки работи известува дека времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локални поројни врнежи, грмежи и засилен северозападен ветер. Според прогнозата на УХМР, посилен дожд, над 20 литри на метар квадратен, се очекува во западните и југозападните региони на земјата. Минималните температури ќе варираат од 5 до 13 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 16 до 24 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со можни локални поројни дождови и умерен до засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 10 до максимални 23 степени.




