Минатогодишната добитничка за Оскар, Лупита Нјонго и оваа година блескаше на доделувањето на Оскарите, носејќи скапоцен фустан испреплетен со 6.000 бели бисери.
Вчера во светот одекна веста дека луксузната тоалета, вредна 150.000 долари е украдена од хотелот во Лос Анџелес.
Како што пренесува порталот „ТМЗ“ фустанот е пронајден во еден хотел во кеса за ѓубре, откако крадецот сфатил дека не станува збор за автентични бисери, туку за копија. Сепак, наместо да го фрли, тој одлучил да го врати.
Фустанот го направи модната куќа „Келвин Клајн“, а мистериозно исчезна од собата на актерката во средата вечерта.