Украина ќе развива и произведува тешко оружје заедно со шест членки на НАТО

Украинскиот државен концерн за оружје „Укроборонпром“ соопшти дека заеднички ќе произведува и развива тешко оружје и воена опрема со најмалку шест земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги Полска, Чешка, Франција, Данска и неколку други со кои се потпишани договори за неоткривање на податоци.

„Укроборонпром“ соопшти дека започнал со производство на муниција со калибар 122 и 152 мм, како и мини од 120 мм засновани на технологија на НАТО, што, како што се истакнува, треба да ја намали зависноста на Украина од артилериски испораки од странство.

МИА

Прочитајте и:  Вандие: Претстојната цел на НАТО е членките да одвојуваат 3% од БДП за одбраната
- Реклама -