Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост во руската област Курск

Украинските сили извршија напад врз уште еден мост во руската област Курск, на границата со Украина, соопштија украинските воздухопловни сили.

„Уште еден мост помалку“, објави на Телеграм командантот на воздухопловните сили, Николај Олешчук.

Тој рече дека украинските воздухопловни сили со прецизни напади ги уништуваат логистичките објекти на непријателот.

Украинската армија на тој начин, меѓу другите акции, ги продолжи операциите на територијата на Русија. Доколку се потврди дека мостот е уништен, тоа ќе биде втор мост урнат од украинските сили во областа Курск од почетокот на руската офанзива врз регионот на 6 август. Претходно, на 16 август беше погоден мост на реката Сејм, во населбата Глушковски.

„Руските сили вчера извршија напад врз Киев со ракети произведени во Северна Кореја„“, изјави шефот на градската администрација Серхи Попко.

Прочитајте и:  Борел: Се надевам дека ЕУ членките ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел

Во нападот немаше жртви.

„Ова е трет балистички напад врз главниот град на Украина во август, со интервали од шест дена меѓу секој напад. Според првите информации, руската страна најверојатно користела севернокорејски балистички ракети КН-23“, објави Попко на Телеграм.

- Реклама -