Жзничката улица Ханој е едно од најфотографираните места во главниот град на Виетнам.
Оваа популарна локација на Инстаграм привлекува голем број туристи кои сакаат да ја посетат и да се сликаат на оваа тесна улица и по можност да го фатат моментот кога возот минува на шините.
Тоа е навистина посебна сцена. Населението во Ханој што живее меѓу Ле Дуа и улицата Кам Тин во стариот дел на градот е навикнато на тесниот простор. Затоа, не е изненадувачки што во слободното време тие поставуваат столици и маси над шините, или дека децата си играат на самите шини.
Но, сите пречки брзо се отстрануваат во 15:30 и 19:30 часот кога возот го поминува ова место. И додека локалното население е навикнато на брзото поминување на возот двапати на ден, туристите не се навикнати. За да се добие добра фотографија за Instagram, тие често позираат на железничката линија пред возот, што е многу опасно.
Локалните власти неодамна поставија бариери и им забрануваат на туристите да одат на железничката улица, како и да прават фотографии или видео содржини. Иако оваа забрана беше воведена од безбедносни причини, таа разочара многу посетители, како и локалните претприемачи, кои заработуваат пари благодарение на популарноста на ова опасно место.