Целосно немаскиран примерок на Ford Ranger Wildtrak бил снимен за време на тестови по улиците на Тајланд.
За прв пат за дотерување на моделот Ranger беше објавено на интернет просторот кон крајот на минатата година, а сега можеме да видиме топ-верзијата во полн сјај. Имено, како што објавија некои портали новината била уловена и тоа без никаква камуфлажа на патиштата низ тајланд, каде се вршат последните тестирања.
Ford веќе објави дека пикапот ќе биде „попаметен“, побезбеден и посилен, но засега повеќе детали околу новите технологии кои се најавени и техничките решенија нема. Во моментот возилото на пазарите на Стариот континент се нуди со 2,2-литарски TDCi мотор со 150 КЅ, а оние кои посакуваат повеќе моќ можат да го изберат топ моторот 3.2 TDCi со сериозните 200 КЅ и 470 Nm вртежен момент. Неофицијално во подготовка за европските пазари е уште една дизелска верзија, но за неа нема детали.