Умеете ли преку статус на Фејсбук да ги „прочитате“ луѓето?

Дали сте на Фејсбук „душкало“, кое што знае кој ужива во расправии или е екстровертна личност што сака да споделува детали од приватниот живот со сите?

Една алатка може да ви помогне да ги анализирате и вашите статуси и да откриете повеќе за себе, но само ако истите ги пишувате на англиски јазик.

Интуитивниот сајт ги анализира зборовите од постот и проверува за каква личност се работи, а потоа ги споредува вашите особини со оние на пријателите и познатите личности.

Алатката се вика Five Labs и ја испитува содржината на статусите.

Зад оваа идеја стои др. Хансен Ендрју Шварц, лидер на истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија.

Апликацијата се заснова на пет особини: екстровертност, отвореност, невротичност, совесност и љубезност.

Алатката ги брише анализите откако ќе ја напиштите страната.

- Реклама -