Уметничка инсталација во чест на една почината мајка

Сунјуан и Пенгју, се уметничко дуо од Пекинг, чија специјалност се уметнички инсталации.

Годинава, галеријата Перотин во Париз беше домаќин на нивната изложба наречена „Dear“. Во склоп на изложбата беше и една длабоко-персонална инсталација, инспирирана од смртта на мајката на една од уметниците.

Пред да почине, мајката на Пенгју се појави во 14-минутно видео-интервју, во кое зборуваше за крајот на нејзиниот живот и очекувањата што ги има од смртта. Она што импресионира е нејзината способност да се држи настрана од морбидните концепти на смртта – наместо тоа, таа зборува за концептот на ново раѓање и нејзините надежи во однос на реинкарнацијата.

majka 1majka 2majka 3 majka 4

Трогната од нејзината мајка, Пенгју и нејзиниот партнер креираа прекрасна инсталација во нејзина чест. Делото наречено „If I Died“ е совршена физичка репрезентација на мајчините идеали за патувањето на душата.

Прочитајте и:  Изложба на фотографии од личната колекција на царското семејство Романови

figura 1 figura 2figura 3

Фигурата на мајката држи венец од цвеќе и е опкружена со морски суштества – токму како во нејзината визија за време на интервјуто.

majka 5 majka 6figura 5 figura final

Мајката е претставена со мирна и блажена експресија на лицето, а сигурни сме дека истата таа експресија е и репрезентација на тоа како гордата родителка би реагирала на талентот, креативноста и посветеноста на својата сакана ќерка.

figura final

 

- Реклама -