Уметност од вашиот Фејсбук профил

Фејсбук профилите ги содржат некои од најприватните фотографии и моменти од вашето секојдневие. Во него се наоѓаат бројни сегменти од вашето минато и сегашност и токму поради тоа често е мета на актуелните дебати за приватноста, рекламите и безбедноста во времето на социјалните медиуми. Но дали е можно ова да стане уметност?

Верувале или не, со партнерството кое беше соопштено вчера помеѓу „Shapeways“ и „The Creators Project“ има потенцијал да стане. Тројца уметници создадоа апликација која може да го претвори вашиот Фејсбук профил во 3D уметност.

Овој изум ги користи вашите Фејсбук податоци на еден поинаков начин за да се создаде единствен, процедурално дизајниран дигитален објект.

„Monster Me“ од „Sticky Monster Lab“ открива кој сте. Креира мала и симпатична верзија на чудовиште според вашите податоци, со оглед на тоа колку ќе бидете активни и ќе споделувате на вашиот Фејсбук профил, толку ќе расте и чудовиштето.

„Crystalized„ од „Softlab“ открива за луѓето кои ги знаете и создава виртуелна кристална геода базирана според вашите 20 најблиски пријатели, чија форма се добива од тоа колку заеднички пријатели делите со нив. Доколку ја отворите, во неа ќе најдете обоени кристални кластери чии контури се формирани врз основа на нивните интереси.

„Astrolabe“ од „Sosolimited“ открива што велите. Врз основа на тоа што сте го пишувале на вашиот профил, ги издвојува клучните зборови и ве проучува, по што креира уникатен зодијачки знак и хороскоп за истиот.

Секој објект е комплетно уникатен и несомнено прекрасен, со што се чини дека многу луѓе ширум светот ќе уживаат во сувенирите кои ќе ги опишуваат нивните личности. Сепак, целиот овој изум не води до подлабока мисла и не потсетува на тоа колку многу Фејсбук знае за нас.

- Реклама -