Дали и Вас како мали Ве учеа дека не треба да си играте со храната? Епа креативноста оди контра ова воспитувачко правило, затоа што интернетот изобилува со милион примери како да уживате во храната и да создавате мини-уметнички дела. Уметникот Tisha Cherry, има нова серија слатка уметност, создадена врз познатите Oreo колачиња. Таа креативно го користи белиот крем од колачињата и ресоздава минијатурни прикази на Мона Лиза, Мерилин Монрое и други ликови. Погледнете за што станува збор.