УНИЦЕФ: Одлуката на Израел да го забрани работењето на УНРВА е нов начин за убивање деца

Одлуката на Израел да ја забрани работата и активностите на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) е нов начин за убивање деца, изјави денеска портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер.

„Доколку УНРВА не е во состојба да дејствува, најверојатно ќе дојде до колапс на хуманитарниот систем во Појасот Газа. Значи, ненадејна одлука како оваа значи дека е пронајден нов начин за убивање деца“, рече портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер.

Портпаролот на канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, Јенс Ларки рече дека изјавата на Елдер „е правичен опис на тоа што одлучија властите во Израел.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -