UNICEF порача: „Лајковите не спасуваат живот!“ (видео)

Шведското претставништво на UNICEF повторно ги повикува луѓето на разум. Направи серија видеа со порака дека од кликањето на копчето „like“ на социјалните мрежи за приказни и фотографии за деца кои се погодени од војна, насилство, болести, глад и низа други проблеми не се од никаква помош.

„Името ми е Рахим. Имам десет години и живеам тука со брат ми. Понекогаш се грижам дека ќе се разболам, како што се разболе мајка ми. Кој ќе се грижи сега за брат ми? Но, мислам дека сѐ ќе биде во ред. Денес UNICEF Шведска има 177 илјади лајкови на Фејсбук. Можеби до лето ќе бидат 200 илјади. Тогаш би требало да бидеме добро“, е една од пораките во промотивната акција на UNICEF, која настојува да допре до здравиот разум на човекот.

Дали некогаш сте се осудиле да платите сметка во ресторан со „like“? Дали ви паднало на памет дека некој ќе ве сфати сериозно ако наместо пари му понудите „like“?

[youtube]http://youtu.be/QcSZsjlqs4E[/youtube]

- Реклама -