Уникатен стоти роденден

Рејчел ГилбертРејчел Гилберт од Лаконија Њу Хемпшир е доказ дека љубовта кон брзината не е ексклузивно за младите. Таа го прославила својот стоти роденден на New Hampshire Motor Speedway, возејќи го безбедносното возило.

Таа изјавила: „Ова беше големо изненадување. Имав одличен учител, многу ми се допадна.“ Џери Гапенс, извршниот заменик претседател на патеката бил патник во возилото, тој додал: „Рејчел поставува одлично темпо. Среќни сме што имавме шанса да ја прославиме овој специјален ден со неа и нејзиното семејство.“

Љубовта кон тркањето кај Рејчел се појавила уште во 1960 година кога заедно со својот сопруг го посетила Bryar Motorsports Park во Лудон, Њу Хемпшир. Речиси две децении подоцна додека семејството било на одмор во Флорида тие ја посетиле трката Daytona 500 каде што ја гледале борбата до самиот крај на легендите Ричард Пери и Боби Алисон. Тоа било доволно за Рејчел.

Како дел од нејзината роденденска прослава Рејчел и нејзиното семејство ќе добијат седишта на „Магичната Милја“ каде што ќе уживаат во секој круг од LENOX Industrial Tools 301. Таа исто така ќе добие шанса да се запознае со ѕвездите од  NASCAR Sprint Cup Series за време на утринскиот состанок за возачи во недела.

Долгогодишниот љубител на трки била изненадена од шансата која ја добила од својата фамилија и Гапенс. Кога дознала дека ќе го вози безбедносното возило таа посакала веднаш да ја посети патеката. Како дел од роденденскиот подарок таа добила и торта во форма на тркачки автомобил. Нејзиниот омилен возач Карл Едвардс исто така ѝ го честитал роденденот и ѝ подарил маица со автограм.

„Мајка ми отсекогаш била љубител на трки. Таа не пропушта ниту една трка на телевизија“ изјавила нејзината ќерка Мери Ен Милс. Мери исто така имала шанса да се повози со нејзината мајка. „Јас бев поисплашена од неа, ова беше прекрасно.“ [A birthday wish 100 years in the making]

- Реклама -