Цртањето со точки е техника која обично се поврзува со фини моливи и пенкала и внимателна рака, но тату-артистот Алуки од Хoкаидо, Јапонија, ја користи истата на кожата на клиентите. Неговите тетоважи се исполнети со геометриски форми, и природни и математички, од кои најголемиот дел се добиени со гореспоменатиот метод.
Во суштина, сите тетоважи се базирани на точки, нанесени со вибрации на пиштолот за тетовирање, но специфично за работата на Алуки е тоа што тој го забавува процесот на нанесување и внимателно го планира растојанието уште пред да почне со тетовирање, со цел да го постигне саканите нијанси и дефиниција на формите.