Малиот Феникс имал мал проблем на часот по карате – не можел да ја скрши даската, како што тоа го направиле останатите деца од класот. Феникс се обидува неколку пати, но очигледно ја нема потребната самодоверба. Сепак тренерот и другите деца инсистираат, па Феникс, чувствувајќи огромен притисок, не успева да ги задржи coлзите.
И што прават тогаш децата? Наместо да му се смеат, почнуваат да го бодрат и да навиваат: „Феникс! Феникс! Феникс!“. Тренерот исто така: „Слушај ме, момче, сè можеш!“. И оп, како феникс низ coлзите се крена Феникс, а останатото е историја. Мала и запишана некаде низ интернетов, ама значајна.