УПОЗ на разговори во Владата

Претставници и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) пристигнаа на средба во Владата, на која, како што најавија, со владини претставници ќе разговараат за проблемите во јавнообвинителската и во судската служба.

Во изминатиот период, вработените протестираа барајќи зголемување на платата за 78 проценти и враќање на додатоците на плата.

Минатиот четврток, судската администрација најави дека нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговарачка маса со Синдикатот.

Откако јавнообвинителската служба пред еден месец почна со штрајк Пред околу еден месец Владата формираше работна група за решавање на барањата на судската администрација.

МИА

Прочитајте и:  Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП Скопје доколку не успее тендерот за нафта
- Реклама -