Управниот суд прифати една од вкупно 28-те тужби против приговорите кои беа одбиени од Државната изборна комисија, за резултатите од првиот круг од локалните избори.
Уважена е една тужба поднесена од опозициската коалиција, за поништување на гласањето за Совет на Град Скопје во избирачко место во Сарај.
Тужби до Управниот суд поднесоа ВМРО-ДПМНЕ (24) и по една од ТМРО, Левица и Алијансата за Албанците.
По одлуката на Судот, ДИК треба да направи увид и да се изјасни дали во спорното избирачко место ќе се спроведе прегласување.