Гувернерот на Флорида им порача на жителите да ги слушаат прогнозите на метеоролозите и претставниците на локалната власт, што го водат процесот на евакуација. Државните власти на Флорида, пак, подготвуваат камиони полни со залихи и помош
Повеќе од милион луѓе се евакуираат пред ураганот Милтон да пристигне до западниот брег на државата Флорида во југоисточниот дел на САД. Според американскиот национален центар за урагани, се очекува Милтон утревечер прво да погоди област во близина на градот Тампа.
Патот што оди од Тампа кон север изминатите денови е блокиран, зашто многу жители се евакуираат поради ураганот. Колоната возила е долга со километри.
Гувернерот на Флорида им порача на жителите да ги слушаат прогнозите на метеоролозите и претставниците на локалната власт, што го водат процесот на евакуација. Државните власти на Флорида, пак, подготвуваат камиони полни со залихи и помош.
Се очекува ураганот да создаде бранови високи меѓу три и четири и пол метри на север и југ од заливот Тампа, па поради тоа делови од Флорида да останат без струја со денови.
Big time slow downs on Alligator Alley, i-75 out of Naples, Florida this afternoon as the mass evacuation continues ahead of Hurricane #Milton. pic.twitter.com/JZoQHfHTlb
— Bryce Shelton (@BryceShelton01) October 8, 2024
Поради топлите мориња во Мексиканскиот Залив, Милтон напредуваше од тропска бура до ураган од петта категорија за помалку од 24 часа.
Асошиејтед прес пишува дека аеродромите во близина на Тампа ќе бидат затвореени и авионите нема да сообраќаат.
За ураганот Милтон необично е што патува од запад кон исток. Ураганите кои минуваат низ Мексиканскиот Залив обично се формираат во Карипското Море и паѓаат на копно откако патуваат на запад и ќе се свртат кон север.
„Многу ретко се случува ураган да се формира во западниот Мексикански Залив, да се движи кон исток и потоа да го погоди западниот брег на Флорида“,
вели Џонатан Лин, научник од Универзитетот „Корнел“.
Hurricane Milton is now a cat 4.
My in-laws are in the Venice area, what should I tell them? Is there an evacuation order? pic.twitter.com/ZQSyxtmBmW— AlphaFo𝕏 (@Alphafox78) October 7, 2024
Изминатите неколку дена, околу три милиони жители на областа интензивно ги чистат остатоците и разниот отпад што ги остави зад себе ураганот Хелена, кој помина низ Флорида пред две недели.
Ако Милтон помине низ Тампа, тоа ќе биде првпат од 1921 година ураган да помине директно низ тој град.