Урбанистичкиот вирус ги голта пирамидите

today-giza[1]
Пирамидите од Гиза, во 2008

Многу пред Индијана Џонс да инспирира куп деца да се заинтересираат за Египтологија и пред да биде отворен гробот на Тутанкамон, истражувачите, туристите и авантуристите кои патуваа во Египет за да ги видат пирамидите, наидуваа на многу поинаква глетка од онаа денес.

pyramids-then-and-now[1]
Пирамидите во 1917 година.

Моментално, градот Гиза – кој се смета за „дом на пирамидите“, брои околу 3.6 милиони жители, а во близина е и многу поголемиот Каиро – со нешто повеќе од 20 милиони население. Популацијата сé побрзо го населува истиот простор на кој се наоѓаат пирамидите, а тој тренд особено се засилува по Арапската пролет. Модерниот урбанистички вирус е сé поблизу до тоа да ги проголта чудата на античкиот свет, а се разбира, тоа уништува огромен дел од мистичната атмосфера по која се познати пирамидите.

Egypt's Old Kingdom;Giza Plateau; Aerial of the Giza Pyramids (4th dynasty Pharaohs Khufu, Khafre, Menkaure) next to modern city of Cairo
pyramids-of-giza-chef-chris-colburn[1]

Egypt_urban_expansion_05[1]

 

- Реклама -