На Ф.Р.И.К. фестивалот за видео-арт го открив британскиот уметник David
Shrigley и не можам а да не го поделам со читателите на 365.com.mk.
Неговиот зајадлив црн хумор во комбинација со навидум наивно изведените
цртежи му го донесоа статусот култен уметник, а неговото поле на работа
е сè што ќе допре – видео анимација, фотографија, скулптура…
На Ф.Р.И.К. фестивалот за видео-арт го открив британскиот уметник David Shrigley и не можам а да не го поделам со читателите на 365.com.mk. Неговиот зајадлив црн хумор во комбинација со навидум наивно изведените цртежи му го донесоа статусот култен уметник, а неговото поле на работа е сè што ќе допре – видео анимација, фотографија, скулптура…
За начинот на цртање Shrigley вели дека само сака да ги каже работите најбрзо и најдректно што може, а прашан зошто црниот хумор толку го влече тој одговара: I am a nasty person with a sense of humour.
Кој сум и што сакам
{youtube}kHKIEe16YNk{/youtube}
Што се случува кога сте мртви
{youtube}hN320NGHzXA{/youtube}
The door или Од кој дел на мама дојдов?
{youtube}VeVuMfIvJg0{/youtube}
На неговата веб страна може да ги видите сите негови дела (прави и музички спотови), да најдете линкови до интервјуа и да си нарачате некоја од неговите книги. Освен тоа има и галерија од тетоважи инспирирани од неговата работа, а ако и вие имате таква пратете ја и ќе биде прикажана.