Урогинеколози ги предупредуваат жените да престанат со една вообичаена навика

Природно е телото да се менува со возраста, а тука спаѓаат и промените во функцијата на уринарниот систем. Постарите луѓе, на пример, може да забележат дека мораат почесто да уринираат, дури и среде ноќ, што го прекинува сонот. Промените во функцијата на уринарниот систем често не се споменуваат, па многу луѓе развиваат лоши навики кои не ги препорачуваат уролозите.

Урогинекологот д-р Тирсит Шиферав Асфав објаснува дека бременоста и породувањето може да ги ослабат карличните мускули, што го зголемува ризикот од инконтиненција и пролапс на карличните органи.

„Покрај породувањето, стареењето може да ги ослаби и овие структури со текот на времето, а падот на нивото на естроген за време на менопаузата придонесува за овие промени“, изјави таа за „Parade“.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Затоа, една од најважните работи што жените над 50 години не треба да ја прават е задржување на урината. „Здравата навика за мокрење вклучува слушање на вашето тело и не задржување на урината предолго“, советува д-р Асфав.

Дополнително, урогинекологот д-р Алден Зено нагласува дека жените не треба да ги игнорираат непријатните симптоми поврзани со мокрењето.

„Најдобрата навика за жените над 50 години е да ги препознаат проблемите со мокрењето и навреме да се консултираат со лекар“, заклучил доктор Зено.

- Реклама -