Српските медиуми дознаваат дека најголемото музичко регионално натпреварување, ќе биде збогатено со еден познат претставник од Црна Гора.
Џорџе Балашевиќ, Масино Савиќ, Џибони, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Северина… сите овие имиња кружат како потенцијални членови за жири-комисија на X Factor.
Сега во игра влезе и уште едно име – Сергеј Четковиќ.
Популарниот пејач би требало во новата сезона на музичкото шоу да ги коментира учесниците и нивните настапи, односно да биде ментор на една од групите.
„Немаме коментар за оваа шпекулација, наскоро јавноста ќе дознае кој ќе биде жири комисија во следната сезона. Единственото што можеме да го откриеме е дали се во прашање ѕвезди од регинален карактер“, велат од продукцијата.