Уште малку ќе почнат врела вода да си истураат (ВИДЕО)

Ако некогаш се прашувате дали во земјава фали иновација и напредок, значи одамна не сте погледнале некое партиско соопштение. Ако ги следевте малку почесто, ќе знаевте дека нашиве партии не само што имаат измислено, туку и применуваат најнов метод на партиски соопштенија – со одење пред штабот на противникот, за таму да кажете што имате да кажете.

… А потоа, како во раниот среден век и претходно, овие зад ѕидините на тврдината се обидуваат да го избркаат опсадувачот од пред нивните порти, само овојпат не со стрели и врел растопен метал, туку со гласна музика и слични иритирачки методи.

Со ваквиот пристап кон партиските соопштенија, завојуваните страни подоцна добиваат бонус „муниција“ за преку своите гласила да се жалат на карактерните особини на противникот.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

Инаку, вистината што ВМРО-ДПМНЕ сакала да ја замолчи, според Костадинов, е тоа дека Гордана Силјановска-Давкова се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија (ФОТО).

ПС. Немаме информација дали граѓанинот со патриотскиот поздрав е само случаен минувач, или можеби намерен дел од циркусот.

- Реклама -