Уште неколку дена до стартот на Саемот на книга 2026 – најзначајниот литературен настан во годината!

Со нетрпение очекуваната манифестација, Саемот на книга под слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“ повторно ги отвора вратите за приказни кои го променуваат нашето гледиште на светот. Од 23 до 29 април 2026 година, Арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане место каде литературата, културата и љубителите на книгата ќе се соедини во еден простор. Овој саем, кој веќе децении наназад е дел од македонскиот културен календар, остава неизбришлив белег како еден од најважните културни настани, кој ги обединува посетителите од целата држава и странство, поттикнувајќи ја читателската култура и создавајќи простори за поврзување помеѓу авторите, издавачите и читателите.

Организаторите од Скопски Саем го осветлуваат како „најзначаен културен настан во земјата“ кој ја прославува книгата и креативноста. Тоа е и платформа за дијалог и создавање нова публика, каде широкиот спектар на домашна и светска литература отвора нови хоризонти. Тука, омилените приказни ќе оживеат, а новите книжевни авантури чекаат да бидат откриени. Издавачите ќе имаат можност за директна средба со своите читатели и промоција на нови изданија од различни жанрови, вклучувајќи ја и литературата за деца, домашни авторски дела, а тука се и ексклузивните настапи на странски автори. Меѓу нив, годинава ќе биде и американската авторка на психолошки трилери, Сара Пеканен, како дел од програмата „Арс Ламина“. Исто така, преку издавачката куќа „Сакам книги“ ќе допатува италијанската писателка Виола Ардоне, позната по книгата „Возот за деца“, која доби и адаптација во Netflix. На штандот на издавачкиот центар ТРИ ќе гостува холандскиот автор Хајс Вилбринк, а на штандот на Антолог ќе биде присутна авторката Ирса од Исланд, препознатлива по своите трилери. Чешкиот писател Јиржи Хајичек ќе биде специјален гостин на „Славика либрис“.

Прочитајте и:  Путин се осврна на „крајот на војната“, додека Киев вечерва претрпе најобемен напад досега: Зеленски нареди одмаздничка акција.

За време на седумте денови на саемот, се очекуваат над 30.000 посетители, со повеќе од 130 промоции на нови наслови и автори, заедно со учество од над 60 издавачки куќи. Посебно забележливо е зголеменото присуство на младата популација, која сè повеќе се враќа кон хартиените книги и значително го зголемува интересот за настанот. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богатата програма со специјални попусти и промоции на нови изданија, средби со автори, книжевни панели и интерактивни работилници.

Саемот ќе работи од 10:00 до 20:00 часот, што нуди идеална прилика за посетување по работа, по училиште или за време на викендот. Со секоја купена влезница, Саемот на книга донира средства на СОС Детско село. Влезниците ќе бидат достапни и онлајн.

Со силна порака дека книгата претставува важен простор за култура, инспирација и заедништво, Саемот на книга 2026 ве повикува на незаборавно книжевно искуство. Без разлика дали сте во потрага по нов бестселер, класик или просто момент на инспирација, ова е местото каде приказните навистина ќе оживеат. Придружете се на најголемото книжевно доживување во годината.

Оваа година, саемот е поддржан од Министерството за култура и туризам, а свеченото отворање на 38-миот Саем на книгата ќе се одржи под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.