Успешен старт на кампањата “Затоа што сите веруваме” на Oxette и Борка

Освен што се грижат за својата убавина, македонските дами покажаа дека ја ценат и хуманоста. Доказ за нивната хуманост е големиот интерес за кампањата „Затоа што сите веруваме” на брендот за накит Oxette и организацијата Борка, кои неодамна ја најавија оваа кампања.

Kaко што велат од Oxette во изминатите три недели забележлив е се поголемиот број на дами кои се вклучуваат во кампањата со купување на парче накит, со тоа  истакнувајки ја својата грижа за оние на кои во овие моменти им е потреба помош и поддршка.

„Затоа што сите веруваме”има за цел зголемување на свесноста за ракот на дојка и  собирање на средства кои потоа ќе бидат искористени за поддршка за жените кои се борат со оваа болест.
Со секоe купенo парче накит во продавниците на Oxette, 2% од продажбата во летниот период ќе одат во хуманитарни цели. Кампањата започна на 20.06 и ќе трае се до 20.09.

Оxette & Borka

- Реклама -