Устата на морските желки изгледа вака, но зошто?

Морските желки не изгледаат нешто посебно страшно, сѐ додека не им погледнете во устата. А тоа веројатно сте го направиле, бидејќи фотографиите се толку неверојатни што ги има на секое ќоше на интернетот. За секој случај, еве уште еднаш:

Хелен Каиро, биолог и илустратор, која го води својот Инстаграм профил под името „Anatomika Science“, меѓутоа, смета дека веќе доволно се зборува за тоа како изгледа устата на желките, а време е да почне да се зборува за тоа зошто е такви какви што е. Како што објаснува таа, устата е полна со запци свртени кон внатрешноста кон грлото, а тоа не е случајно. Тие запци се против повpaќање.

Морските желки проголтуваат голема количина морска вода заедно со храната. Кога желудникот ќе им се наполни, тие мораат да ја исфрлат таа морска вода. Тоа го прават преку повpaќање, објаснува Каиро. Запците им служат за да ја задржат храната, односно како обратен филтер кој спречува таа да биде повратена заедно со водата.

На сликава подоле, на пример, гледате како тоа изгледа кога откако желката се најала црвени алги. Ниту е повpeдена, ниту има нешто што не е во ред со неа.

Како што е објаснето и во самиот пост на Инстаграм, водните животни имаат различни механизми на задржување на храната при исфрлање на вишокот морска вода што ја голтаат. Рибите, на пример, водата ја испуштаат низ шкргите, голтајќи ја само храната. Кај китовите, пак, постои систем на реси од кератин (истата состојка што ја има во човечките нокти), кои налик на решетка ја задржуваат храната при исфрлањето на водата.

Системот на желките со повpaќање на водата функционираше сосема добро до неодамна, кога човекот почна да ги загадува океаните со пластика, и пред сѐ, пластични кеси, додава биологот. Поради устата полна со запци, тие имаат огромни проблеми да ги исфрлат пластичните кеси и амбалажи откако еднаш ќе ги проголтаат.

 

- Реклама -