Уставниот суд не поддржа укинување на ковид сертификатите, одлуката е разумна и за општо добро – сметаат судиите

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативата поднесена на Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти без поседување и приложување на сертификат за примена барем една доза вакцина или прележан ковид во последните 45 дена.

Судијата известител Вангелина Маркудова, на седницата, рече дека наводите во иницијативата се неосновани бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со КОВИД-19, врз основа на препораките на СЗО.

И судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните.

Спорно за подносителот на иницијативата Николче Марушевски, меѓу другото, било ограничувањето на движењето.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

МИА

- Реклама -