Утре се очекуваат ледени зрна на некои патни правци, се повикува на поголема внимателност.

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека на некои патни правци има забележани врнежи од ледени зрна. Овие врнежи предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските области. Во светло на ова, апелираат до возачите да бидат особено внимателни, да ја прилагодат брзината согласно условите на патот и да одржуваат поголемо безбедно растојание помеѓу возилата.

Прочитајте и:  Премиерот Мицкоски учествува на Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват