Утринскиот секс е корисен за срцето

Утринскиот секс ја зголемува плодноста, додека вечерниот ги намалува тензиите по долгиот работен ден. Сексолозите составија листа со придобивките и негативностите од сексот во различно време од денот.

Сексот наутро ја  намалува опасноста од срцев удар за 50 проценти. Тој исто така ја подобрува и циркулацијата и ја намалува главоболката, болките кај артритис, а воедно е и одлична превенција од дијабетес.

Наутро  квалитетот на спермата е многу подобар. Покрај тоа будењето со партнерот ја подобрува циркулацијата на крвта и ја зголемува концентрацијата. Со утринскиот секс се одделува хормонот на среќата окситоцин што ви обезбедува добро расположение во текот целиот ден.

 

Истражувањата исто така покажуваат дека тој го подобрува имунитетот.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Најголемиот непријател на утринскиот секс е лошиот здив, а исто така недостатокот на време, поради што љубовната игра речиси недостасува. Вечерниот секс, освен што  ќе ве расположи  по долгиот ден, согорува многу повеќе калории – од 75 до 150 само за половина час. Токму поради тоа поголемиот дел од жените ги избираат ноќните милувања.

- Реклама -