Не е лесно да се биде webcam девојка.
Многу ризици го следат животот на една онлајн естрадна уметница, а некои луѓе често се обидуваат да ја искористат интимната природа на настапот пред камерите, вели Линдзи Дај која се занимава со фотографија и се соблекува пред веб камера. Кога публиката почна да го краде нејзиното дело, таа одлучи да го добие назад.
„Некои луѓе го снимаат мојот настап, па снимките или ги продаваат или ми ги испраќаат на мене, со цел да ме задеваат“, пишува Дај во мејлот и додава дека скриншотовите од многуте сесии пред веб камерата и` доаѓаат секој ден, обично од луѓе кои се обидуваат да ја уценат со закана дека јавно ќе го објават нејзиниот идентитет.
Дај вели дека ја нервира фактот што нејзиното дело некој го краде и го дистрибуира без дозвола. Голем дел од нејзините настапи ги смета за нејзини уметнички дела, облека, скулптури, објекти од претходните настапи, што и` предизвикува дополнителна фрустрација. Таа одлучи кадрите извлечени од нејзините настапи без дозвола, да ги претвори во убави физички принтови. Во моментов ги продава на својата веб странa, заедно со предметите кои се појавуваат на сликите, во обид да ја врати сопственоста над своето дело. Дај овој проект го нарекува „Купи ме офлајн“.
„Јас сум пристојна, работам напорно, не сакам да ме уценуваат. Моите дела се само мои, па затоа треба некако да ја свртам работата и да ги спречам во намерата“.
Како webcam девојка, Дај заработува првенствено од бакшиши, од приватни настапи или од однапред снимени материјали. Кога луѓето неовластено ги снимаат или ги делат тие снимки и фотографии на други локации, тоа го намалува нејзиниот приход. Неодамна, едно лице ги има понудено сите снимки кои Дај во моментов ги продава.
„Овој проект го викам „Прифаќање“, и тој им ја одзема моќта на снимките“, вели Дај. „Бидејќи тоа го прифатив, успеав повторно да ги активирам моите настапи во живо и да продолжам да се занимавам со мојата уметност. Не сакам повеќе да ме фрустрира фактот дека сум гола на интернет. Сакам проектов да работи за мене и на тој начин да го вратам она што ми припаѓа, да го понудам тоа што неовластените сниматели не можат, моите физички дела“.
Цената на сликите се движи од 10 долари за фотографија со димензии 8,5х11 инчи, до 100 долари за принтовите на платно со димензија 20х30 инчи.
Цените на придружните предмети – гумена када, жолта патка на надувување, слики, растенија, исто така варираат. Растение во саксија чини 40 долари, додека шипката за стриптиз од мермер што може да се види на една од фотографиите може да достигне и до 200 долари. Дај вели дека повеќе фактори придонесуваат за формирањето на цените, на пример времето потрошено за да се создаде делото или реалната цена на конкретниот предмет и додава дека веќе има продадено неколку примероци. Како што вели, таа нема намера да се збогати со принтовите од сцените симнати од веб камерата. Нејзина цел е да ја поврати сопственоста врз својата работа, било да се работи за нејзиниот личен перформанс или за нејзината слика на зидот во заднината на кадарот во кој настапува. „Доколку го продавам својот труд би била мотивирана да настапувам повеќе, што би ги мотивирало луѓето да го крадат мојот лик со цел да ме уценуваат или да препродаваат, вели Дај. „Наместо тоа, сега си имам свој систем“.