Ужас во Пекинг: Експлозија кај американската амбасада

Силна експлозија одекнала во близина на амбасадата на САД во Пекинг, а овој дел од градот бил прекриен со густ чад.

Според досегашните сознанија, се работи за рачно направена експлозивна направа. Засега не е познато дали се работи за терористички чин.

Досега не се регистрирани какви било напади американските дипломатски претставништва во Кина, иако амбасадите на САД се честа цел на напади низ светот.

Кинеската полиција уапси жена која денеска се поли со бензин, во обид да се самоубие во близина на Амбасадата на САД во Пекинг, објави државниот кинески весник „Глобал Тајмс“ по информациите за експлозија, но не е познато дали е поврзана со нападот.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето
- Реклама -