Вака би изгледала Земјата после нуклеарна војна

Лошата судбина на Земјата после нуклеарната војна, за прв пат е мапирана со помош на компјуерски модели.

Глад, смртоносните мразови, глобални загуби на озонот и до 50 отсто  и многу други појави би ги снашле жителите на Земјата после нуклеарна војна. Истражувачите се надеваат дека нивната студија која ги прикажува последиците на релативно „мала“ нуклеарна војна послужи како предупредување дека такво оружје никогаш во иднината не треба да се употреби.

Последиците се изложени во работата наречена „ Повеќегодишното глобално ладење и загубата на озонот, после регионалната нуклеарна војна“. Во истражувањето се анализирани прогнозите од „лимитирана, регионална нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан во која секоја страна детонира 50 15 – килотонски парчиња оружје. После тоа користени се компјутерски модели за да се испита влијанието врз околината, а предвидувањата се прилично драматични и серизозни.

Моменталниот резултат на детонирање на 100 парчиња оружје отприлика со големина на бомбите фрлени во Хирошима и Нагасаки, би бил отпуштање на пет мегатони на јаглерод во атмосферата. Тоа би ги блокирало сончевите зраци. Би следувал кисел дожд, кој би го уништил она што останало од човештвото после нуклеарната војна, а температурата на Земјата би почнала да паѓа. Падот на температурата ќе предизвика „смртни мразови“ после што би следувала глобална глад.

Вака би изгледало сето тоа, по години:

Нулта година

Пет мегатони јаглерод се отпушта во атмосферата, го блокира сонцето и планетата започнува да се лади. Црниот дожд убива милиони луѓе.

Прва година

Просечната температура на површината паѓа за еден степен

Втора година

Сезоната на растењее скратена за 10 до 40 дена, владее глобална глад.

Петта година

Земјата е во просек 1, 5 степени поладна од првиот ден, воедно и поладна од последните 1000 години. Воедно има 9 отсто помалку дожд. Озонот е помал за 25 отсто, се зголемува UV зрачењето, 80 проценти се зголемува можноста за добивање рак на кожата.

Десета година

Озонот полека се враќа во нормала и потенок е за осум проценти, од пред војната.

Дванаесетта година

Планетата лесно се загрева и  е само за половина степен постудено од денес.

Последиците за правилниот развој на луѓето можат да траат со години после војната.

Можеби овие податоци навистина ќе успеат да го променат светот, всушност светот си е добар – да ги променат „големите“ сили – на кои што   човековите животи треба да им се непроцеливи.

- Реклама -