Ова YouTube видео направено од исклучително храбриот фотограф Кавика Сингсон, е повеќе од доволно – не можете да ја доближите камерата повеќе до лавата, освен ако не ја влечете во неа, пишува Science Alert.
Со други зборови – подобра глетка од онаа на лава која капе во океанот и формира нова земја, додека се лади, нема да видите. Видеото е направено со GoPro камера на јужниот брег на хавајскиот Биг Ајленд, каде што вулканот Килауеа еруптира постојано од 1983 година.
Кадрите се дел од серијата, која Сингсон ја создава на островот во 2013 година. За да ги создаде, тој застанал помеѓу земјата и лавата. Една особено опасна позиција.
„Беше исклучително тешко да се снима – раскажува фотографот пред „Хафингтон пост “- Видеото не може да ви покаже сè. Но да си таму, да ја почувствуваш топлината …”
Мора да се признае дека колку и да е лудо, видеово изгледа како некој аждер за виснал над водата, предизвикан да го изгасне океанот.